Лазаров доби нов соиграч од Скандинавија: Аугустинусен потпиша за Нант

Раководството на тимот на Нант веќе работи на склопувањето на екипата за следната сезона. Откако беше продолжен договорот со капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, Нант обезбеди уште две засилувања.

Станува збор за ракометари на данскиот Скјерн. Голманот Емил Нилсен уште на крајот на минатата година го стави потписот, а сега и десното крило Себастијан Аугустинусен, потпиша двегодишен договор со францускиот тим.

22-годишниот Аугустинусен во оваа сезона досега има постигнато 23 голови во Лигата на шампионите. Пред да стане член на Скјерн, настапуваше за тимот на Колдинг, а со младинската селекција на Данска, има освоено сребро од СП.