Лазаров добива нов соиграч, Буриќ се враќа во Нант

Кружниот напаѓач на хрватскиот првак Загреб, Сењамин Буриќ, во новата сезона ќе има старо-нов предизвик во кариерата.

По една година пауза тој се враќа во францускиот шампионат, но не во Сесон Рен како што се најавуваше, туку во Нант.б

Буриќ беше дел од Нант две сезони до 2018 година, кога реши да се врати на Балканот. Авантурата во Загреб беше релативно успешна, но не се задржа таму долго.

Во Нант повторно ќе биде соиграч со нашиот Кире Лазаров, а друштво на линијата ќе му прават  Драган Печмалбек и Николас Турна.