Лазаров го „потопи“ Сесон Рен

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров продолжува со одличната форма во која ја почна оваа сезона и на последниот меч тој имаше клучна улога во новата победа на Нант (29:28 против Сесон Рен) во првенството на Франција.

Лазаров беше одличен и успеа да реализира деветпати на средбата против Сесон Рен од 12 удари. Со овие девет гола Лазаров беше и најефикасен и покажа одлична форма што само може да радува пред натпреварите на репрезентацијата од новите квалификации.

Нант одигра тежок дуел на домашен терен, но успеа да ја продолжи серијата на победи. Ова е веќе шестти триумф со кој само е зацврстено првото место на табелата, а се очекува уште Шамбери да ја одработи својата задача во 6. коло и да се види дали ќе остане со истото друштво.

Ова воедно беше и одличен меч на кој Нант предводен од Лазаров одлично се загреа за пресметката со Целје во Лигата на шампионите од 5. коло.