„Лавовите“ му веруваат на ветеранот: Сигурдсон уште една сезона во Рајн Некар

Левото крило на исландската репрезентација, 38-годишниот Гудјон Валур Сигурдсон, го продолжи договорот со Рајн Некар Левен и ќе остане во тимот од Манхајм најмалку до 30 јуни 2019 година. Во пресрет на ЕП Хрватска, тој ја обезбеди својата иднина и ќе може мирно да настапи со Исланд на континенталниот шампионат.

„Се чувствувам одлично со моето семејство овде, па немаше причина да менувам нешто. Играм во ТОП клуб, кој секогаш игра главна улога во распределбата на титулите.“ – вели Сигурдсон.

Тој е најдобар стрелец на Рајн Некар оваа сезона во Бундес Лигата. а игра одлично и во Лигата на шампионите. Претходно Сигурдсон, кој потекнува од Акурери, настапуваше за Тусем Есен, Гумерсбах, Копенхаген, Кил и Барселона.