Кјелце прокоцка голема предност, па едвај спаси бод против Флензбург

Екипите на Флензбург и Кјелце го затворија 11. коло во Лигата на шампионите со реми од 32:32. Резултат со кој мораа да се задоволат и двете екипи иако според играта и прикажаното ќе беше заслужено и доколку некој од тимовите дојдеше до победа.

300x250

Гостите од Полска долго беа во предност. На полувреме имаа 21:17 и оваа разлика ја одржуваа во најголемиот дел од второто полувреме. Тоа овозможи да се влезе со убава предност во завршницата, но очигледно дојде до прерано опуштање што резултираше со пресврт.

Ракометарите на Флензбург при 28:31 засилија и со серија од 4:0 дојдоа до предност на нешто повеќе од 20 секунди до крајот на мечот. Гостите кои имаа два бода на неколку минути до крајот останаа без ништо во тие моменти, па последната акција мораа да ја реализираат со цепелин.

Откако беа прецизни ракометарите на Кјелце мораа да се израдуваат на бод и на ремито од 32:32 со кое никој не доби ништо во однос на позициите во групата Б.

Инаку, прв стрелец на мечот беше Лауге Шмит од Флензбург со девет гола, додека Јурецки од Кјелце имаше осум.