Куп на Франција: Лазаров против Шамбери, ПСЖ и Раул на тежок испит против Монпелје

Откако изминатиот викенд беа одиграни последните осминафинални натпревари од Купот на Франција, во текот на вчерашниот ден беше извршена и ждрепката за четвртфиналето.

Во оваа фаза ќе има интересни натпревари, бидејќи на ниту еден не може однапред да се предвиди победникот, односно тимот што ќе игра во полуфиналето.

Нант каде што игра македонскиот капитен Кире Лазаров ќе се соочи на гостински терен со незгодниот состав на Шамбери, додека ПСЖ и Раул Гонзалез ќе имаат тежок испит против европскиот првак Монпелје.

Второлигашот Нанси ќе игра против Саран Лорие, додека Данкерк ќе се сретне со екипата на Екс ан Прованс. Средбите од четвртфиналето се на програмата 9 и 10 март.