Куп на Македонија: Ѓорче и Прилеп постигнаа 81 гол

Ракометарите на Прилеп се првите финалисти во четвртфиналната група 1, откако славеа над прволигашот Македонија Ѓорче Петров со 38:43. Ице Соколески во првиот дел им даде шанса на дел од кадетите и младинците, кои отворија со 1:4. Ѓорче се врати во мечот, одржуваа резултатска рамнотежа, а во финишот на првиот дел е одлепија и со головите на левото крило Николовски поведоа со 15:12. Имаа и 16:13, 17:14. Соколески на терен ги внесе Тренчевски и Орјонокидѕе и резултатот веднаш се сврте во корист на суперлигашпт, 18:19.

Во вториот дел Прилеп играше со бековите Јанчев и Орјоникдѕе, кои го полнеа голот на Македонија Ѓорче Петров. Заморот и кратката клупата кај прволигашот си го направи своето, па прилепчани стигнаа до највисоки плус 9, 25:34. Тука веќе беше познат победникот, кај двете екипи шанса добија ракометарите од клупата, а конечниот резултат беше 38:43. Најдобар поединец кај Прилеп беше Јанески со 7 голови, а 6 даде Јанчев, додека вреди да се издвои и одличната партија на младиот голман Илчо Ивчевски, кој имаше 12 интервенции. Кај Ѓорче, голови даваа само петмина ракометари, а најмногу имаше крилото Николовски, вкупно 14. Во финалето од оваа група, Прилеп ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Металург и Пролет.

Група 1: Металург, Прилеп, Пролет, Македонија ЃП (домаќин Металург)

Полуфинале:
Пролет – Металург
Македонија ЃП – Прилеп 38:43

Група 2: Охрид, Металург 2, Работнички, Струга (домаќин Охрид)

Полуфинале:
Работнички – Струга
Охрид – Металург 2

Група 3: Пелистер, Еурофарм Работник, Вардар Јуниор, Младост Богданци (домаќин Работник)

Полуфинале:
Пелистер – Вардар Јуниор
Младост Богданци – Еурофарм Работник

Група 4: Вардар, Радовиш, Борец, Вардар 2

Полуфинале:
Вардар – Борец
Радовиш – Вардар 2

One Response

  1. Куп на Македонија: Томовски броеше до 20, Металург не виде мака со Пролет | 24 РАКОМЕТ

    […] Група 1, Полуфинале: Пролет – Металург 18:36 Македонија ЃП – Прилеп 38:43 […]