Куп на Македонија: Делчево Вардар не ги ни испоти пелистерци

Екипата на Пелистер стигна до победа во првиот меч од групата која денеска се игра во Радишани. Ривалот Делчево Вардар немаше шанси за успех со оглед на тоа што уште рано во мечот падна во ритамот и имаше негатива. Делчевци не ги ни испотија доволно своите противници, а загубија со 20:43 во меч во кој битолчани доминираа во сите 60 минути.

300x250

Пелистер тргна со 3:0, а Делчево Вардар успеа да намали до 4:5 и тоа беше се на овој дуел. Во продолжението од средбата Пелистер го засили ритамот во напад, а и во одбрана се играше поангажирано така што лесно се зголемуваше предноста. Разликата постојано се зголемуваше, а до крајот на првиот дел стигна до 11 гола, 8:19 откако делчевци имаа неколку напади во серија во кои не успеаја да го совладаат голманот Јовановски.

Во вториот дел лесно се зголемуваше оваа предност откако ракометарите на Делчево Вардар паднаа во ритамот и не можеа да го издржат темпото така што мораа рано да потпишат капитулација, па составот на Пелистер го искористи ова за да биде во постојана предност од над 15 погодоци.

На крајот резултатот од 20:43 беше слика на сработеното на теренот во сите 60 минути, а беше очигледна разликата во квалитетот. Пелистер со ова си обезбеди меч и утре во 16 часот, а противник ќе биде победникот од дуелот меѓу Бутел Скопје и Охрид.

ФОТО: ФАН СТРАНА НА РК ПЕЛИСТЕР