Куп на Македонија: Гевгелија и Прилеп ќе играат на Ф4

Откако ракометарките на Вардар славеа над „сестринската“ екипа Вардар СЦЈС со 38:18 и се пласираа на Ф4 во Купот на Македонија, екипите на Гевгелија и Прилеп исто така го обезбедија својот пласман на завршниот турнир.

Гевгелија немаше поголеми проблеми и прослави победа над Овче Поле со 22:18, додека составот на Прилеп на домашен терен исто така славеше убедливо со 38:28 над последната екипа во Женската Лига, Пелистер.

Последниот патник на завршниот турнир ќе се бара на дуелот меѓу Куманово и Металург, кој ќе се одигра в среда.

Куп на Македонија, четвртфинале:

Вардар – Вардар СЦЈС 38:18
Прилеп – Пелистер 38:28
Гевгелија – Овче Поле 22:18
Куманово – Металург 26.04.2017