Куп на ЕХФ: Шиофок на Пенезиќ и Хмирова доби лесен ривал, Подравка ќе патува во Данска

Покрај Челинџ Купот, во седиштето на Европската ракометна федерација беа извлечени и четвртфиналните двојки за второто по ранг европско клупско натпреварување – Купот на ЕХФ.

Унгарскиот тим Шиофок, каде што играат двете поранешни вардарки, Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова, ќе се соочи со норвешкиот Сторхамар, против кој не би требало да имаат поголеми проблеми.

Хрватската Подравка, чиј член е поранешната вардарка Алена Ихнева, ќе се соочи со данскиот Митјиланд, а Есбјерг чиј член е поранешната ракометарка на Металург – Кристина Лишчевиќ ќе игра против рускиот Кубан.

Последната двојка во четвртфиналето ќе биде дански дуел во кој ќе играат Никобинг и поранешниот европски шампион Виборг.

Куп на ЕХФ, четвртфинале:

(1) Сторхамар – Шиофок
(2) Митјиланд – Подравка
(3) Кубан – Есбјерг
(4) Никобинг – Виборг

Првите натпревари од четвртфиналето се играат на почетокот на март, 2 или 3, додека реваншите ќе бидат одиграни една седмица подоцна.