КУП НА ЕХФ: Ристовски и Бенфика сигурни кон 3. коло

Голманот на репрезентацијата на Македонија, Борко Ристовски со неговите колеги од тимот на Бенфика е сигурен на патот кон 3. рунда во Купот на ЕХФ со оглед на тоа што директно имаше пласман за 3. коло, а таму ќе игра против ривал кој не е на нивото на тимот од Португалија.

Дубрава од Хрватска и Феникс од Малта се можните ривали, а победникот ќе треба прво да гостува во Лисабон, па потоа да го пречека тимот од Португалија.

Добро мина и тренерот Звонко Шундовски со екипата на Констанца која има ривал од Турција во 1. коло. Ако биде без проблеми тогаш во второто коло противник ќе биде тимот на Чурго од Унгарија. Констанца тука би требала да може да се избори за место во 3. коло.

КУП НА ЕХФ (МАЖИ)

ДВОЈКИ ЗА 2. РУНДА

ПОЛИТЕХНИКА ТЕМИШВАР (Романија) – ОЛИМПИЈАКОС (Грција)/БОРАЦ (БиХ)

ПОУ (Франција) – ПОРЕЧ (Хрватска)/ВОЛЕНДАМ (Холандија)

ХАУКАР(Исланд)/ПЛЗЕН (Чешка) – ХАПОЕЛ АШДОД (Израел)

РИБНИЦА (Словенија)/ПОЛВА СЕРВИТИ (Естонија) – СКА МИНСК (Белорусија)

МАЛМЕ(Шведска)/СПАРТАК МОСКВА (Русија) – СЕЛФОС (Исланд)

БОЗЕН (Италија)/АЛПЛА ХАРД (Австрија) – СКЈЕРН (Данска)

ВОЈВОДИНА (Србија)/ЛОВЌЕН (Црна Гора) – АДЕМАР ЛЕОН (Шпанија)

БЕНФИКА (Португалија) – ДУБРАВА (Хрватска)/ФЕНИКС (Малта)

БЕШИКТАШ (Турција)/МЕТАЛОПЛАСТИКА (Србија) – ГОРЕЊЕ (Словенија)

БУТЕЛ СКОПЈЕ (Македонија) – ЗАПОРОЖЈЕ (Украина)/ЛОНДОН (В. Британија)

АЗОТИ ПУЛАВИ (Полска) – ЕШ (Луксембург)/БАТУМИ (Грузија)

АНТАЛИЈА (Турција)/КОНСТАНЦА (Романија) – ЧУРГО (Унгарија)

ГОРНИК ЗАБЖЕ (Полска) – МАКАБИ (Израел)/КЛАИПЕДА (Литванија)

БОХОЛТ (Белгија)/В. ВИЕНА (Австрија) – ВАКЕР ТУН (Швајцарија)

ВИЗЕ (Белгија)/ХАФНАРФЈОРДУР (Исланд) – АРЕНДАЛ (Норвешка)

БЕСА (Косово)/ПФАДИ ВИНТЕРТУР (Швајцарија) – ПЕЛИСТЕР (Македонија)