Куп на ЕХФ: Пролет може на дуел против Борко Ристовски или против Митревски и Маркоски

Ракометарите на Пролет во новата сезона покрај средбите во домашното првенство ќе имаат можност да се надигруваат со ривалите и во Купот на ЕХФ, а таму имаат директно место во 2. коло.

300x250

Поради рејтингот на Македонија годинава нема играње во Челинџ купот, а добрата позиција овозможи да бидат скокнати средбите во септември и дури во октомври да се влезе во битката за 3. рунда во Купот на ЕХФ.

Пролет се најде на 34. место, а ова го однесе во шеширот на предизвикувачи за ждрепката за 2. рунда тоа за само две позиции. Оттаму уште сега на една недела пред ждрепката се познати сите можни противници и јасно е дека Пролет може да се падне на двобој против Констанца на Звонко Шундовски, Никола Митревски и Велко Маркоски, но и против Бенфика на Борко Ристовски. Тоа би биле интересни средби.

Во таква ждрепка Пролет ќе има тешка задача, но има и противници кои би донеле многу поинтересен двобој како на пример против Олимпијакос од Грција.

МОЖНИ РИВАЛИ ЗА ПРОЛЕТ

Ска Минск (Белорусија), Пфади Винтертур (Швајцарија), Рико Рибница (Словенија), Доброгеа Суд Констанца (Романија), Бенфика (Португалија), Драмен (Норвешка), ИБВ Вестманаејар (Исланд), Спартак (Русија), Карвина (Чешка), ЗТР Запорожје (Украина), Ахил Бохолт (Белгија), Макаби СРЛ (Израел), Алпла Хард (Австрија), Војводина (Србија), Олимпијакос (Грција).