Куп на ЕХФ: Пенезиќ и Хмирова одат до крај со Шиофок

За разликата од мажите кои викендов почнаа со групната фаза од Купот на ЕХФ кај дамите во изминатите два дена финишираше разигрувањето по групи и веќе се знаат имињата на осумте екипи кои ќе се борат за пласман во полуфиналето.

После одиграните средби од групната фаза место во елиминациите најдоа четири екипи од Данска. Во четврт-финалето ќе играат Хернинг Икас, Никобинг, Есбјерг и Виборг. Покрај нив во оваа фаза од Купот на ЕХФ место имаше и за составите на Подравка (Хрватска), Шиофок (Унгарија, Сторхамар (Норвешка) и Кубан (Русија).

Меѓу ракометарките кои се најдоа во четврт-финалето има две поранешни вардарки. Андреа Кобетиќ (Пенезиќ) и Татјана Хмирова со тимот на Шиофок целат високо во натпреварувањето и ќе имаат можност за големо надигрување. Во Подравка, пак, игра Алена Ихнева, која исто така го има носено дресот на „црвено-црните“.