Куп на ЕХФ: Лазаров и Нант против Арендал, Борко и Бенфика добија хрватски ривал

Покрај составот на Металург, кој го доби словенечкиот Горење Велење како последен ривал пред групната фаза од Купот на ЕХФ, уште тројца македонски интернационалци ги дознаа своите противници во третото коло.

Филип Кузмановски и неговиот Магдебург ќе играат против полскиот тим Горњик Забже, додека францускиот Нант на Кире Лазаров ќе се соочи со норвешкиот Арендал.

Третиот македонски репрезентативец што игра во ЕХФ Купот е голманот Борко Ристовски, кој со неговата Бенфика ќе игра против хрватскиот Нексе Нашице.

Првиот натпревар е на програмата на 16 или 17 ноември, додека реваншите се една седмица подоцна.