Куп на ЕХФ или Куп на Данска?

Заврши групната фаза од женскиот Куп на ЕХФ без поголеми изненадувања и најголемите фаворити се пласираа во четвртфиналето на второто по ранг клупско натпреварување.

Интересен факт е што од осумте четвртфиналисти на ЕХФ Купот, четири доаѓаат од Данска! Дел од нив минаа низ квалификациските кола, дел беа директно во групната фаза, но сите поминаа во елиминации и ќе имаат шанса да се борат за полуфинале.

Виборг, Есбјерг, Митјиланд и Никобинг се данските претставници. Првите два се во првиот шешир пред утрешната ждрепка, додека Митјиланд и Никобинг во вториот шешир.

Во оваа фаза нема ограничување за два тима од иста држава, па може да има и дански двобој. Ако по некоја случајност сите четири тима добијат ривали од други држави, можно е сите полуфиналисти да бидат од Данска, а логично и подоцнежниот освојувач да биде од овој шампионат.

Сепак, прв фаворит останува унгарскиот Шиофок предводен од екс вардарката Андреа Кобетиќ, а не смее да се потцени ниту норвешкиот Сторхамар.

1 шешир

Виборг – Данска
Есбјерг – Данска
Шиофок – Унгарија
Подравка – Хрватска

2 шешир

Митјиланд – Данска
Никобинг – Данска
Кубан – Русија
Сторхамар – Норвешка