Куп на ЕХФ: Жељо на Вујо испушти плус седум против Темелков и Кјернинг

На првиот дуел од Купот на ЕХФ одигран вчера во Ниш тимот на Кјернинг за кој настапува интернационалецот од Македонија, Владимир Темелков забележа пораз од 27:30. Железничар на Вујовиќ имаше далеку поголема предност, но не успеа да ја зачува, па сега составот од Луксембург има шанси за пласман понатаму.

Во првото полувреме од средбата, Железничар водеше со 19:12. Сепак, место да се зголеми оваа разлика и да се дојде до двоцифрена позитива на крајот од дуелот, Темелков и колегите успеаја да надоместат. Во вторите 30 минути одиграа многу подобро и најдоа начин како да ги запрат противниците и се изборија за пораз кој им дава шанси на реваншот.

Владимир Темелков на овој дуел беше стрелец на три гола и со ова му помогна на тимот да се избори за активен резултат за реваншот, па овде приказната уште не е завршена целосно.

Инаку, на овој дуел делегат беше Камер Металари од Македонија.