Куп на ЕХФ: Е. Работник директно во 3. коло заедно со Кил, Фуксе Берлин, Магдебург…

Екипата на Е. Работник која е првиот претставник на Македонија во Купот на ЕХФ се најде на 9. позиција при рангирањето на клубовите, а тоа значи дека нема да учествува во ждрепката на 17 јули кога ќе се влечат двојките за 1. и 2. коло.

Ранкингот е доволен за битолчани директно да влезат во 3. рунда, а ова значи дека ќе им бидат потребни две средби за да дојдат до место во групната фаза од во која ќе играат вкупно 16 екипи.

Меѓу тимовите кои се рангирани заедно со тимот на Е. Работник се и претставниците на Германија, Шпанија, Данска… а таму се Фуксе Берлин, Магдебург, Кил… екипи кои не се на списокот на можни ривали ниту за дуелите од 3. рунда што значи дека Е. Работник ќе ги избере големите и ќе наиде на полесен ривал во битката за место во групната фаза.

Ждрепката за 3. рунда ќе биде дури на 16 октомври.

ЕКИПИ РАНГИРАНИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ 16 ВО КУПОТ НА ЕХФ

Е. Работник (Македонија), Фуксе Берлин, Магдебург, Хановер, Кил (Германија), Грањолерс, Логроњо Ла Риоха, Куенка (Шпанија), Холтебро, ГОГ (Данска), Татабања, Балатонфуреди (Унгарија), Азоти Пулави (Полска), Ст. Рафаел (Франција), Малме (Шведска), Нексе (Хрватска).