Куп на ЕХФ: Еурофарм Работник најави надигрување и убав ракомет

Стартот на групната фаза во Купот на ЕХФ донесе дополнителни возбудувања на ракометен план, а ова донесе секако и нови и интересни средби поврзани за Македонија бидејќи Еурофарм Работник имаше свој деби настап во Германија. Иако загуби од Хановер со 21:24, сепак, ова беше интересен натпревар кој донесе допадлив ракомет.

Битолчани покажаа дека имаат квалитет за да се надигруваат со секого во групата и јасно е дека до крајот на групната фаза од ова натпреварување ќе имаат што да покажат.

Во ова натпреварување има уште тројца битолчани и еден стружанец. Сите се во тимот на Констанца. И тие претрпеа пораз и тоа на гостувањето кај Холстебро, па шансата за победа ќе ја бараат на следниот натпревар на домашен терен.

Сите резултати од првото коло во Купот на ЕХФ, можете да ги видите во продолжение.

КУП НА ЕХФ – МАЖИ

РЕЗУЛАТИ ОД 1. КОЛО

ГРУПА А

ЛОГРОЊО ЛА РИОХА – БАЛАТОНФУРЕДИ       29:24

Муњоз 6, Кукиќ 5, Скот 5 – Шолоси 8, Топиќ 6, Мате 4

ФУКСЕ БЕРЛИН – СТ. РАФАЕЛ  33:29

Друкс 7, Семиш 7, Виде 5 – Бараше 7, Симицу 6, Вињерон 5

ГРУПА Б

ТАТАБАЊА – НЕКСЕ      27:28

Вујовиќ 8, Григорас 5, Божовиќ 4 – Гаџа 6, Јелиниќ 5, Зрниќ 4

ХАНОВЕР – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК      24:21

Олсен 7, Јохансен 3, Певнов 3 – Граџан 5, Остроушко 5, Кузмановски 4

ГРУПА Ц

ХОЛСТЕБРО – КОНСТАНЦА      29:25

Браминг 8, Остлунд 5, Килделунд 4 – Црноглавац 4, Малиновиќ 4, Вујовиќ 4

ПОРТО – КУЕНКА            37:26

Магаљаеш 7, Амадор 6, Родригез 5 – Дутра Фереира 8, Алвес 3, Монторо 3

ГРУПА Д

АЗОТИ ПУЛАВИ – ГОГ  28:31

Јаросиевич 6, Подсијадло 6, Паниќ 4 – Јакобсен 9, Мелер 6, Андерсен 5

ГРАНОЉЕРС – КИЛ        22:33

Фигуерас 7, Робледо 5, Поповиќ 2 – Билик 5, Дамке 5, Екберг 5