Куп на ЕХФ: Вујо ќе го предизвика ланскиот освојувач, интересна група за Дупјачанец и Азоти

По ждрепката за Челинџ Купот, во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за групната фаза и на второто по ранг клупско натпреварување, Купот на ЕХФ. Минатогодишниот освојувач Гепинген, ќе има релативно лесна група C за пласман понатаму и ќе игра со словенечкиот Копер предводен од Веселин Вујовиќ, хрватскиот Нексе и финскиот Кокс.

Во групата А се наоѓаат белорускиот вицепрвак СКА Минск, данскиот Силкеборг, германскиот Магдебург, а во групата Б, која можеби е најинтересна, се германскиот Фуксе Берлин, шпанската Хелветиа, франускиот Сен Рафаел и шведскиот аутсајдер Луги. Во групата Д се Шамбери, Грањолерс, Азоти Пулави и Вакер Тун, па полскиот тим каде брани Даниел Дупјачанец ќе има интересни битки за пласман во четвртфиналето.

Првите натпревари од групната фаза во ЕХФ Купот се играат на почетокот на февруари.