Куп на Германија: Талески и Рајн Некар на мегдан со финалистот на Супер Глоуб

После комплетирањето на осминафиналните двобои во Купот на Германија во кои се одлучуваше кои екипи ќе влезат меѓу осумте најдобри, пласман изборија: Магдебург, Гепинген, Фуксе Берлин, Рајн Некар Левен, Хановер, Ерланген, Кил и Мелсунген.

Веќе беше одржана и ждрепката за двојките за четврт-финалето па оттаму веќе е познато кој против кого ќе биде во битка за место во полуфиналето.

Од македонските интернационалци место во четврт-финалето имаше само за Талески. Тој со Рајн Некар ќе му гостува на финалистот од Супер Глоуб, Фуксе Берлин. Воедно тоа ќе биде и најинтересниот дуел од четврт-финалето, па тоа ќе биде веројатно и финале пред финалето.

КУП НА ГЕРМАНИЈА, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Фуксе Берлин – Рајн Некар

Магдебург – Гепинген

Хановер – Ерланген

Кил – Мелсунген.