Куманово се прошета низ Прилеп

Ракометарките на Куманово победија на гостувањето кај Прилеп со 21:30, во наптревар од 22 коло во Женската Лига, но тоа воопшто нема да влијае на нивниот пласман на крајот од регуларниот дел, бидејќи ќе останат на 3 позиција, и во борбата за титулата ќе се соочат со главниот фаворит Вардар.

Бодовите во Прилеп беа обезбедени уште по завршувањето на првиот дел, кој избраничките на Антонио Ивановскиго добија со 8:15. Второто полувреме беше само рутински одработено за конечни 21:30. Најдобри во победничкиот состав беа Пеовска, Трајковиќ, Марковиќ и Пецевска со по 5 голови, додека кај Прилеп се истакна Камческа со 8, а Саздова даде 5.