Куманово се засилува со репрезентативка на Црна Гора

Екипата на Куманово се засили за претстојните натпревари од Челенџ купот кои на 10 и 11 ноември ќе се одиграат на домашен терен против тимот на Геониус од Холандија.

Кумановки се домаќини на двете средби, а за овие дуели добија засилување во младинската репрезентативка на Црна Гора, Ана Шарановиќ.

Се работи за ракометарка која игра на сите бековски позиции и може да одговори на потребите и во нападот и во одбраната.

Ова значи дека тимот добива на уште поголем квалитет, а после денешната победа над Металург во Скопје јасно е дека кумановки стануваат и сериозна конкуренција за титулата во домашното првенство.