Куманово и Вардар јуниор на дуел за 2. место

Екипите кои се дел од Женската лига денеска ќе имаат надигрување на три терени, а утре колото ќе биде комплетирано со мечот меѓу Овче Поле и Металург.

Тимовите коишто се дел од единствената лига во женска конкуренција стигнаа до 4. коло, а денеска сето внимание ќе биде насочено кон мечот меѓу Куманово и Вардар јуниор. Тоа е дербито на колото и воедно меч кој е директен двобој за 2. позиција на табелата.

Оттаму денеска е извесно дека тука ќе има надигрување, додека во Битола не се очекува Пелистер да има посериозни проблеми со Гевгелија.

ЖЕНСКА ЛИГА, 4. КОЛО

СРЕДА, 11.10.2017

ПЕЛИСТЕР – ГЕВГЕЛИЈА                    16:00ч

ДЕСПИНА – ВАРДАР                          17:30ч

КУМАНОВО – ВАРДАР ЈУНИОР         19:30ч

ЧЕТВРТОК, 12.10.2017

ОВЧЕ ПОЛЕ – МЕТАЛУРГ                  19:00ч