Кумановки со висока победа во Кисела Вода

Екипата на Куманово ја продолжи добрата серија во Женската лига. Овој пат во Кисела Вода беше совладан тимот на Спартак со убедливи 29:16. Со оваа победа Куманово ја задржа втората позиција во лигата и остана на само два бодови помалку од Металург.

Гостинките од Куманово уште од самиот почеток почнаа со налетот кон трите поени. Покажаа дека се апсолутно надмоќни и како што одминуваше натпреварот така се повеќе и повеќе го зголемуваа водството.

Екипата на Спартак упорно се обидуваше да се врати во игра, но не им успеваше, па Куманово си замина од Кисела Вода со убедлива победа.

Кај победникот најрасположена за игра беше Мила Трајковиќ која погоди деветпати. Тамара Србиновска беше ракометарката на Спартак која погоди најмногу, реализираше четирипати.

СПАРТАК – КУМАНОВО     16:29 (9:13)

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 150. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

СПАРТАК: Самарџиска, Андонова 2, Николовска 3, Домазетоска, Велкова, Младеновска, Јовановска, Стефановска 3, Трајковска 3, Србиновска 4, Ангеловска, Арсовска, Цветановска, Иванова 1, Јованчева.

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 12 мин.

КУМАНОВО: Димова, Краљевска, Живковска, Трајковиќ 9, Ивановска 2, Пеовска 6, Боризовска 7, Дичковиќ, Петковска, Стојчевска, Дабевска 2, Кипријановска 3, Наумоска, Радевска.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 14 мин.