Кумановки се извадија за ремито против Вардар

Ракометарките на Куманово ја совладаа Гевгелија со што беше отворено 2. коло од Женската лига. Кумановки не ја повторија играа од првиот дуел во Скопје и успеаја рано да го решат победникот на оваа пресметка со што добија три бода.

300x250

Гевгелија која во своите редови сезонава има две ракометарки од Овче Поле, Анчева и Стојанова имаше добро прво полувреме во кое се држеше на негатива од три гола. После 16:13 на крајот од првото полувреме во продолжение беше полесно, па се зголемуваше предноста.

Куманово знаеше како рано да го реши натпреварот и да дојде до висока предност, која на крајот од мечот беше и најголема. Домашните дојдоа до три нови бода, а Гевгелија ќе мора да се потруди на следните средби да се избори за првите поени.

КУМАНОВО – ГЕВГЕЛИЈА           30:21 (16:13)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Гледачи: 200. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

КУМАНОВО: Наумоска, Дичковиќ, Стојчевска, Димова 2, Марковиќ, Краљевска, Живковска, Трајковиќ 8, Ивановска 3, Пеовска 6, Боризовска 4, Цветановска, Дабевска 3, Кипријановска 4, Радевска.

Седмерци: 1/4, Исклучувања: 8 мин.

ГЕВГЕЛИЈА: Каранфиловска, Горковска, Анчева 3, Мандалова, Љупова, Попова 2, Митревска 8, Димова, Шутева, Стојанова 6, Митрова 2.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 6 мин.