Кузнецова: Сите бевме шокирани и плачевме кога ги дознавме лошите вести

Откако стана јасно дека ова е последна сезона да го гледаме женскиот состав на Вардар во ваков формат, сите ѕвезди на клубот почнаа со потрагата по нови средини за идната сезона. Веќе е јасно каде ќе оди Амандин Лејно, а наскоро ќе ги дознаеме и новите тимови на Лекиќ, Радичевиќ, можеби Пенезиќ, Цвијиќ, Кузнецова….Руското лево крило за тамошните медиуми открива како се чувствувале во моментот кога им биле соопштени лошите вести.

300x250

„Ни кажаа пред неколку недели. Сите бевме вознемирени, шокирани. Сите плачевме, па и јас, ниедна не сакавме да се разделиме, сите сме пријателки. Жално е. Многу бев загрижена. Можеби за прв пат во мојата кариера ќе ми биде жал да си заминам од некој тим. Сепак ние сме професионалци и ова нема да има влијание, сите сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите. Дали навистина мислите дека ако договорот му завршува на некој играч и си оди, дека тој нема да се бори за клубот и за победи и за себе? Секако дека не е така! Имаме само една цел – трофејот од Лигата на шампионите.“ – вели Кузнецова.

Вардар се уште нема пораз сезонава и ги има максималните 9 победи на 9 натпревари.