Кузнецова се враќа во репрезентацијата на Русија

Левото крило на Вардар, Полина Кузнецова после паузата која што ја имаше поради повредата на коленото не беше дел од репрезентацијата на Русија на последните собири и не играше на Мундијалот во Германија.

Иако се врати на терените и цела сезона ја одигра стандардно во дресот на „црвено-црните“, сепак, Кузнецова не доби повик, а својот кам-бек го очекува следниот месец кога Русија ќе има двомеч со селекцијата на Романија во битката за пласман на следното ЕП.

„Сигурно ќе бидам на собирот во март. Подготвена сум и очекувам одново да настапам за репрезентацијата“, вели Кузнецова во интервју за интернет страната на Ракометната федерација на Русија.