Кузнецова е нова ракометарка на Ростов Дон (ФОТО)

Руската репрезентативка и акуелна ракометарка на ЖРК Вардар, Полина Кузнецова од следната сезона ќе ги брани боите на Ростов Дон.

Рускиот тим на својата официјална страна и посака официјално добредојде на Кузнецова која е уште една од низата вардарови ракометарки која си најде нов ангажман за следната сезона.

Кузнецова пристигнува во Ростов на местото на уште една поранешна вардарка-Сираба Дембеле која се враќа во Франција .

Ова ќе биде враќање на Кузнецова во Ростов чиј дрес го носеше од 2003 до 2005 година. Покрај Ростов руската репрезентативка има настапувано за екипите на Аква, Лада Тољати, Звезда Звенигород, Астраханочка, Кубан и Вардар.

Токму Ростов Дон е екипата која ќе биде противник на ЖРК Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот во Будимпешта.