Кузманоски и Одорхеи го растурија Васлуи

Македонскиот интернационалец Горан Кузманоски одигра одлична партија на гостувањето кај Васлуи, и беше еден од најзаслужните што неговиот тим Одорхеи стигна до убедлива победа, против тимот што важи за „убиец на фаворити“ со 19:31.

Кузманоски беше стрелец на 4 голови, а имаше голема помош од поранешниот ракометар на Металург и Вардар, Милош Драгаш, кој беше стрелец на исто толку. Одорхеи, кој е предводен од црногорскиот селектор Драган Ѓукиќ со оваа победа излегува од мини кризата и почнува да се приклучува кон врвот на табелата.