Кузмановски: Целје ќе биде добар тест пред Вардар

Ракометарите на Металург по завршувањето на настапите во Лигата на шампионите и поразот во Лисабон кај Спортинг, се враќаат на обврските во СЕХА Лигата. До крајот на годината ги очекуваат уште четири средби, три на гости, една на домашен терен. Првата е вечерва против Целје, а капитенот Филип Кузмановски вели дека овој дуел ќе биде добар тест пред Вардар.

„Играме добар ракомет во текот на целата сезона, но имаме и големи осцилации во текот на натпреварите и често без потреба губиме бодови.Сепак, ние веруваме во себе и чувствуваме дека можеме да се надигруваме со секого.Целје за нас ќе биде голем тест, пред дербито со Вардар“, изјави Кузмановски.

Дуелот меѓу Целје и Металург се игра во „Рдеча Дворана“ со почеток во 19 часот.