Кузмановски против Милосављев, Миркуловски против Кил во Купот на Германија

Откако минатиот викенд станаа познати екипите кои ќе играат во осминафиналето од Купот на Германија денеска беа извлечени двојките за оваа рунда, а четворицата македонски интернационалци кои обезбедија место во оваа фаза ги дознаа ривалите.

Филип Кузмановски и Филип Миркуловски немаа многу среќа. Кузмановски со Магдебург ќе гостува кај составот на Фуксе Берлин за кој настапуваат Дејан Милосављев и Мијајло Марсениќ.

Миркуловски со Вецлар, пак, во оваа рунда ќе го пречека составот на Кил и ова ќе биде исто така еден од поинтересните дуели.

Многу подобро минаа Жарко Пешевски и Мартин Томовски. Штутгарт на Пешевски во следната рунда од Купот на Германија ќе игра против Ерланген на домашен терен. Лудвигсхафен на Томовски ќе биде гост на тимот на Хам Вестфален.

Осминафиналните средби се предвидени за 1 и 2 октомври. Победниците од овие средби ќе имаат нови пресметки во четврт-финалето на 3 и 4 декември додека Ф4 турнирот во Купот на Германија ќе се игра во Хамбург на 4 и 5 април во 2020 година.

КУП НА ГЕРМАНИЈА

ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

Рајн Некар – Гепинген

Лајпциг – Мелзунген

Штутгарт – Ерланген

Фуксе Берлин – Магдебург

Вецлар – Кил

Хам Вестфален – Лудвигсхафен

Лемго – Бергишер

Флензбург – Хановер