Кузмановски: Млади сме, грешиме, но се трудиме да бидеме подобри

Македонија ја прегази Чешка и славеше со 33:20, па како првопласирана оди на Европското првенство во Хрватска. Тоа ќе биде вкупно петто учество на нашата репрезентација на континенталните шампионите, а еден од ракометарите кои во иднина ќе треба да бидат носители на играта е Филип Кузмановски.

„Благодарност до публиката што дојде во голем број и што не мотивираше да дојдеме до оваа голема победа. Ние сме млади, ќе грешиме, но се трудиме затоа што знаеме дека ние ќе треба да ја носиме играта во иднина. Среќни сме што како први во групата одиме на ЕП во Хрватска, тоа е за нас голема предност. Нема одмор за мене, сега треба да се подготвуваме за СП во Алжир. Кога се игра за Македонија, се заборава на замор и на се, и ќе се обидеме и таму да направиме позитивен резултат.“ – изјави Кузмановски.