Кузмановски меѓу 30 најдобри ракометари во ЕХФ Купот

Ракометарот на Еурофарм Работник, кој од следната сезона ќе настапува во бундеслигашот Магдебург – Филип Кузмановски се најде меѓу 30 најголеми ѕвезди во ЕХФ Купот.

ЕХФ номинираше 30 ракометари кои би можеле да ја одбележат оваа сезона, а помеѓу нив е и македонскиот репрезентативец.

За Кузмановски и уште двајца други ракометари можете да гласате на линкот подолу, а покрај нашиот играч номинирари се и ракометари од типот на Ландин, Дувњак, Сармиенто, Линдберг…

Меѓу номинираните, покрај Кузмановски, исто така се најдоа уште двајца поранешни членови на тимот на Металург – Вања Илиќ и Халил Јагањац.