Кузмановски и Пешевски во големата преселба во Бундес лигата (ТРАНСФЕРИ)

Сезоната 2018/19 е во својата кулминација, а тимовите ширум Европа интензивно работат на формирањето на составите за следната сезона. Бундес лигата секогаш била интересна кога се во прашање трансферите, а таму веќе се направени голем број на трансфери.

Особено интересни се трансфрите на нашите репрезентативци Филип Кузмановски во Магдебург и Жарко Пешевски во Штутгарт така што тие се приклучуваат од лето на Миркуловски и Талески во најсилната лига во Германија. На тој начин Македонија добива уште интернационалци во Бундес лигата.

Кој доаѓа, а кој со оди и која екипа ќе биде засилена или ослабена за следната сезона погледнете во продолжение каде што се прикажани по тимови сите трансфери во Бундес лигата во текот на сезонава и по нејзиното завршување.

ФЛЕНЗБУРГ

Доаѓа во лето 2019: Михал Јурецки (Келце)

Заминуваат во лето 2019: Расмус Лауге (Веспрем), Тобиас Карлсон (Крај на кариера)

Замина во текот на сезонава: Дани Баијенс (Лемго)

КИЛ

Доаѓа во лето 2019: Дарио Квенштед (Магдебург)

Заминуваат во лето 2019: Себастијан Фирнбахер (Ерланген), Андреас Волф (Келце), Алфред Гисласон(без клуб)

Замина во текот на сезонава: Кристиан Дисингер (Вардар)

РАЈН НЕКАР

Доаѓаат во лето 2019: Уве Генсхајмер (ПСЖ), Никлас Киркелоке (ГОГ), Кристјан Андерсон (селектор на Шведска)

Доаѓа во лето 2020: Роман Лагард (Нант)

Заминуваат во лето 2019: Владан Липовина (непознато), Богдан Радивојевиќ (ПИК Сегед), Гудјон Валур Сигурдсон (ПСЖ), Николај Јакобсен (селектор на Данска)

МАГДЕБУРГ

Доаѓаат во лето 2019: Филип Кузмановски (Еурофарм Работник), Тобиас Тулин (Редбергслидс), Тим Хорнке (Лемго), Кристоф Стеинерт (Ерланген), Мориц Пројс (Гумерсбах)

Дојде во текот на сезоната: Игнасио Плаза Хименез (Фуксе Берлин)

Заминуваат во лето 2019: Роберт Вебер (непознато), Дарио Квенштед (Кил), Мадс Критијансен (Алборг)

Заминаа во текот на сезоната: Глеб Калараш (Вардар), Хуан Муњоз де ла Пена (Балинген)

ФУКСЕ БЕРЛИН

Дојде во текот на сезоната: Петр Штохл (Крај на кариера)

Заминува во лето 2019: Бјарки Мар Елисон (Лемго)

Замина во текот на сезоната: Жаел Валуз (Шарт)

МЕЛСУНГЕН

Доаѓа во лето 2019: Стефан Салгер (Лудвигсхафен)

Дојде во текот на сезоната: Роман Сидорович (Винтертур)

ГЕПИНГЕН

Доаѓаат во лето 2019: Урх Кастелиц (Загреб), Тил Херман (Гросенхајдорн)

Заминуваат во лето 2019: Јоша Ритербах (Минден), Алан Дамгард (Холстебро), Примож Прост (непознато)

БЕРГИШЕР

Доаѓаат во лето 2019: Томас Мрква (Балинген), Рагнар Јохансон (Хутенберг), Себастијан Дам (Либек), Лукас Штуцке (Баер Дормаген)

Заминуваат во лето 2019: Милан Котрц, Максимилиан-Леон Бетин, Богдан Кричитоиу (непознато)

ЛЕМГО

Доаѓаат во лето 2019: Бјарки Мар Елисон (Фуксе Берлин), Андреас Сидерхолм (Минден), Боби Шаген (Штутгарт), Лукас Цербе (Ферндорф)

Дојде во текот на сезоната: Дани Баијенс (Флензбург)

Заминуваат во лето 2019: Тим Хорнке (Магдебург), Робин Хубшер (непознато), Патрик Цикер (Штутгарт)

МИНДЕН

Доаѓаат во лето 2019: Јоша Ритербах (Гепинген), Лукас Мајстер (Кадетен Шафхаузен)

Заминуваат во лето 2019: Лука Жвижеј (непознато), Андреас Седерхолм (Лемго), Антон Менсон (непознто), Далибор Додер (непознато)

ЕРЛАНГЕН

Доаѓаат во лето 2019: Карстен Лихтлајн (Гумерзбах), Себастиан Фирнбахер (Кил), Шиме Ивиќ (Мешков Брест), Антонио Мецнер (Лубек), Кентин Минел (Шамбери)

Заминуваат во лето 2019: Јохан Тумлер (непознато), Кристоф Штајнерт (Магдебург), Андреас Шредер (непознато)

Замина во текот на сезоната: Максимилиан Лукс (Вецлар)

ШТУТГАРТ

Доаѓаат во лето 2019: Жарко Пешевски (Мотор Запорожје), Рудолф Фалувеги (Сесон Рен), Ник Леман (младинска екипа), Адам Лен (Малме), Патрик Цикер (Лемго), Елвар Асгирсон (Афтурелдин Исланд)

Заминуваат во лето 2019: Михаел Швајкард (Крај на кариера), Јонас Маер (непознаот), Боби Шаген (Лемго), Симон Баумгартен (непознато)

ВЕЦЛАР

Дојдоа во текот на сезоната: Никола Мариновиќ (Амичитиа), Максимилиан Лукс (Ерлнген)

ХАНОВЕР

Доаѓаат во лето 2019: Алфред Јенсон (Луги Лунд), Доменико Ебнер (Битигхајм)

Заминува во лето 2019: Мартин Цимер (непознато)

ЛАЈПЦИГ

Доаѓаат во лето 2019: Жоел Бирхелм (Либек), Лука Вицке (Есен)

Заминува во лето 2019: Милош Путера (непознато)

ГУМЕРЗБАХ

Доаѓаат во лето 2019: Тин Контрец (Загреб), Филип Ивиќ (Келце)

Заминуваат во лето 2019: Карстен Лихтлајн (Ерланген), Морис Пројс (Магдебург)

БИТИГХАЈМ

Доаѓа во лето 2019: Нилс Бошен (Хелборн)

Заминуваат во лето 2019: Доменико Ебнер (Хановер), Максимилиан Шварц (Форцхајм)

ЛУДВИГСХАФЕН

Дојдоа во текот на сезоната: Матеј Ашанин (Спортинг Лисабон), Давид Шпилер (Бјеловар)

Заминуваат во лето 2019: Стефан Салгер (Мелсунген), Матеј Ашанин (Загреб)