Кузмановски за 24Ракомет ТВ: Шансата е тука, треба да ја искористиме (ВИДЕО)

Македонија денеска го игра вториот натпревар од главната фаза на Европскиот шампионат во Хрватска. По поразот од Шпанија, избраниците на Раул Гонзалес ќе се соочат со Чешка.

Тоа е репрезентација што ни го има нанесено најубедливиот пораз во официјален натпревар, но во последно време стана противник што редовно го победуваме.

Бекот Филип Кузмановски ова првенство игра одлично, вели дека поразот од Шпанија е заборавен и дека концентрацијата е насочена само кон Чешка.

„Поразот од Шпанија е зад нас, иако публиката малку ја разочаравме, но се надевам дека со добар резултат против Чешка, ќе ја вратиме нивната доверба.“ -вели Кузмановски.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…