Кузмановски за 24Ракомет ТВ: Доволно сум искусен да го дадам најдоброто (ВИДЕО)

Машката репрезентација напорно се подготвува за шестиот настап на Мундијалите, а четврти по ред. Избраниците на Раул Гонзалес ќе одиграат два меча против Србија како дел од подготовките, а еден од главните адути на Македонија, треба да биде и бекот на Еурофарм Работник, Филип Кузмановски.

„Имам три или четири големи натпреварувања во кариерата. Доволно сум искусен да го дадам најдоброто за Македонија, но тука е селекторот да одлучи колку ќе играм“, вели Кузмановски.

Македонија ќе игра во групата Б со селекциите на Јапонија, Бахреин, Исланд, Хрватска и Шпанија, а првата средба е против „самураите“ предводени од Дагур Сигурдсон.

Целосната изјава на Кузмановски можете да ја погледнете во видео прилогот…