Кузмановски: Да одиме чекор понапред од лани

Ракометарите на Металург добија познати ривали во групата Д од Лигата на шампионите. Противници на избраниците на Лино Червар ќе се соочат со Монпелје, Мотор Запорожје, Чеховски Медведи, Бешикташ и победникот на квалификацискиот турнир каде ќе играат Алпла Хард, Спортинг Лисабон, Кокс и Татран Прешов. Капитенот на тимот од Автокоманда, Филип Кузмановски смета дека може да се оди чекор напред во однос на минатата сезона.

„Можам да ветам максимална тимска игра и машка борба без страв против сите ривали. Кај нас постои желба и надеж дека сезонава повторно ќе одиме еден чекор напред. Учеството во ЛШ е значајно за нас, па се надеваме на подобри резултати. Ќе се бориме против секоја екипа, а резултати ќе дојдат сами по себе.“ – изјави Кузмановски.