Куба и три европски селекции по пехарот во Тбилиси

На шампионатот на земјите во ракометен развој кој викендов ќе финишира во Тбилиси во полуфиналето се најдоа три селекции од Европа и Куба. Иако Кубанците пред две децении беа меѓу најдобрите во светот и секогаш имаа одлични ракометари, сега се далеку од врвот и постојано имаат потешкотии да дојдат и близу до некое Светско првенство.

Оттаму сега на турнирот со помалите ракометни земји покажаа дека можат одново кон врвот. Кубанците го освоија првото место во Групата А со пет победи од пет средби и за противник во утрешното полуфинале ќе ја имаат селекцијата на Бугарија.

Второто полуфинале ќе го сочинуваат домаќинот Грузија и Велика Британија.

За европските селекции ова е важно натпреварување бидејќи најдобрата од трите во полуфиналето оди во квалификациите за ЕП 2022 година.