НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА 24РАКОМЕТ: Крунисување на старо-новите СЕХА шампиони (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во СЕХА-лигата и по четвртипат успеаја да се изборат за трофејот во натпреварувањето каде што доминираат во седумгодишната историја.

Вардарци денеска беа промовирани пред своја публика во старо-нови шампиони, а успеаја да го поправат она што го пропуштија пред пет години кога загубија во финалето од истиот противник со кој се соочија и денеска во битката за трофејот.

„Црвено-црните“ беа едноставно најдобри во текот на целата сезона така што ова беше само круна на сработеното уште од септември минатата година. Ако пропуштивте да го погледнете прогласувањето на најдобрите имате можност да го видите во видеото во продолжение.