Кристопанс е новиот рекордер во СЕХА (ВИДЕО)

Десниот бек на Вардар, Даинис Кристопанс од денеска е играчот кој царува на листата на стрелците во СЕХА-лигата. Тој откако постигна два гола против Металург успеа да се искачи на првото место и да го помине Радомир Антл.

300x250

На Кристопанс му требаа само два гола за да успее да се најде на врвот бидејќи имаше 578 гола, со што беше втор со само еден погодок помалку. Сега веќе има 580 погодоци, па ќе постави тешка задача за сите други ракометари.

Кристипанс овие погодоци ги постигна во три различни екипи. Тој настапуваше за Татран Прешов, Мешков Брест и сега за Вардар, а во сите тимови играше ефикасно. Сето тоа му овозможи да биде прв стрелец и секако сега е сопственик на рекордот кој годинава ќе се поместува со оглед на тоа што само што почна новата сезона.

Во продолжение можете да го погледнете видеото од погодокот на Кристопанс за нов рекорд во СЕХА-лигата, втор за него на овој дуел.