Кристијан Анастасовски потпиша за Охрид (ФОТО)

Како што најави 24Ракомет пред два дена, нов кружен напаѓач на составот на Охрид ќе биде Кристијан Анастасовски, кој до лани беше член на Работнички.

„Гладијаторите“ со ангажманот на Анастасовски ги заокружија играчите кои ќе дејствуваат на линијата од шест метри. Охрид претходно го продолжи договорот со Иван Тасески, а под договор е Кристијан Димитриески, кој ќе игра за кадетската репрезентација.

Претходно охриѓани ги потпишаа Никола Даниловски и Јагош Брауновиќ и го затворија голманското прашање. Останува уште да бидат ангажирани уште два бека и составот ќе биде комплетиран.

Беше објавено и дека помошник на Раде Стојановиќ ќе биде Филип Јовановски, кој долги години работеше во женскиот ракометен клуб Лихнид.

Фото: ohridnews.com