Крим немаше проблем со Подравка, освои бронза во ВРХЛ

Ракометарките на Крим Меркатор од Словенија го освоија бронзениот медал на Ф4 турнирот во регионалната ВРХЛ, откако во меч за третото место ја победи Подравка со 31-25 (13-13). Решавачката предност Крим ја направи во второто полувреме, по што само рутински го задржа водството кое и онака го имаше во текот на речиси целиот натпревар.

Словенките беа подобар тим, а младите хрватски ракометарки само делумно одолеваа на нападите на поискусните ривалки. За двете екипи ова беа натпревари во кои ја подобруваа формата за настапите во домашното првенство, особено за Подравка чии ракометарки имаат згуснат распоред на играње во следниот период.