Крим Меркатор си најде нова голманка од Македонија (ФОТО)

Екипата на Крим Меркатор уште еднаш успеа да дојде до победа во Супер купот на Словенија и со тоа да ја продолжи доминацијата во Словенија. Победата од 51:11 над Загорје беше очекувана така што ова е резултатот кој беше слика на случувањата на теренот.

300x250

Интересните моменти кои доаѓаат од оваа пресметка се случија после завршувањето на натпреварот.

Сара Ристовска која на овој дуел успеа да постигне пет погодоци имаше мало шоу со дечињата кој се најдоа на теренот. Ја уловија додека брани, па се пошегуваа дека може да се проба и на голот на тимот на Крим. Од друга страна се шегуваат и дека Крим си најде нов голман.

Сепак, Сара е едно од најдобрите десни крила пред кои е убава иднина, па затоа нема дилема дека таа останува на оваа позиција, а како голман може секога во шега или на тренинг или можеби ако некогаш затреба на натпреварите кога ќе недостигаат голманите.

Инаку, Крим после овој успех ќе има тешка задача во Лигата на шампионите, а и годинава ќе игра во Регионалната лига каде ќе биде дел од натпреварувањето заедно со Будуќност, Јагодина и Рудар.