Крим и Ристовска дадоа 87 голови на два меча

Словенечкиот Крим со максимални девет победи на девет натпревари го заврши есенскиот дел од словенечкиот шампионат.

Последните два меча беа одиграни во два дена, но тоа не им пречеше на избраничките на Урош Брегар да постигнат дури 87 голови!

На дуелот против Аклимат Птуј, Крим победи со 39-17, а македонската репрезентативка Сара Ристовска беше стрелец на пет голови.

На натпреварот против Загорје, кој лани беше голем конкурент на Крим, шампионот славеше со преубедливи 48-15, а Ристовска даде седум погодоци.

Крим веќе обезбеди европска пролет и нови шест дуели во Лигата на шампионите, иако му преостанува да одигра уште една средба против Турингер од групната фаза.