Крилото на Вардар нема конкуренција, вечерва оди по јубилеен погодок против Металург

Пред одигрувањето на денешното дерби на Македонија во СЕХА-лигата кое ќе биде под број 14 во регионалното натпреварување интересно е да се погледне каква е ситуацијата во однос на статистиката.

И понатаму неприкосновен на листата на стрелците е Тимур Дибиров од Вардар, кој денеска ќе има можност да стигне до 50 погодоци на средбите против Металург во СЕХА. Тој е убедливо прв пред Игор Карачиќ кој е повреден и Филип Миркуловски, кој сега е капитен на екипата на Вецлар од Германија.

Оттаму во Топ 10 има само двајца играчи кои денеска ќе настапат односно тројца кои се и понатаму во дресот на Вардар. Како изгледа листата на најдобрите десет стрелци можете да погледнете во продолжение, но јасно е дека никој не може да дојде ниту близу до Тимур Дибиров.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ – ТОП 10

45 – Тимур Дибиров (Вардар)

28 – Игор Карачиќ (Вардар)

28 – Филип Миркуловски (Металург)

23 – Дејан Манасков (Металург)

22 – Ренато Вугринец (Металург)

19 – Добривоје Марковиќ (Вардар)

18 – Наумче Мојсовски (Металург)

16 – Сергеј Горбок (Вардар)

15 – Филип Талески (Металург)

15 – Алекс Душебаев (Вардар)