„Крвникот“ на Македонија има наследник: Кој е Микел Хансен Јуниор?

Македонските голмани, било во клубовите или репрезентациите, сигурно многу добро ги паметат ударите на данскиот репрезентативец Микел Хансен. Дали било Металург, Вардар или Македонија, Хансен секогаш пружал добри партии против македонските екипи или национален тим.

На СП за кадети, кое во моментов се одржува во Грузија, Данска во првото коло играше против Египет, а вниманието на јавноста го привлече пикерот на скандинавците, Лукас Јоргенсен, ракометар на ГОГ, иако не толку со играта, колку со изгледот. Европските медиуми веќе го нарекоа наследник на Микел Хансен, иако не играат на иста позиција и го доби прекарот Микел Хансен Јуниор.