Крај на сезоната за поранешниот ракометар на Металург

Заврши сезоната за поранешниот ракометар на Металург и актуелен член на бундеслигашот Хановер- Павел Атман.

300x250

За време на финалниот натпревар од Купот против Рајн Некар Левен рускиот интернационалец ја обновил повредата која го правеше дискутабилен неговиот настап и на самиот Ф4 на Купот во Хамбург. Сепак Атман успеа да настапи, но во самото финале по неколку напади повторно се најде најде на подот обновувајќи ја повредата на ногата. Ова значи и дефинитивен крај на сезоната за рускиот централен бек.

Атман оваа сезона од Брест се пресели во Хановер и со своето интернационално искуство одлично се снајде во одличниот проект и замислите на тренерот Ортега. Претходно рускиот репрезентативец одигра две одлични сезони (од 2013 до 2015) во дресот на Металург од Скопје.