Крај на сезоната за данскиот дефанзивец

Данскиот репрезентативец и член на Бјерингбро-Силкеборг, Клаус Томсен, заработи тешка повреда на коленото и до крајот на сезоната ќе биде надвор од ракометните терени.

300x250

Повредата настанала при судир на Томсен со својот репрезентативен колега Каспер Ирминг (Киф Колдинг Копенхаген). Во 42 минута од натпреварот Каспер Ирминг кој бил во напад се судрил со Клаус Томсен при што страдало коленото на дефанзивецот. По извршените прегледи било констатирано кинење на лигаментите на левото колено, што претставува една од најтешките повреди во спортот.

Ова е премногу фрустрирачки за мене, ќе работам вредно секој ден за успешно да се вратам на теренот.

-изјави Клаус Томсен за данските медиуми.