Крај на мундијалските надежи, максимумот беше осминафинале (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кадетската репрезентација на Македонија загуби во осминафиналниот двобој на Светското првенство кое се одржува во главниот град.

Избраниците на Данило Брестовац беа поразени од селекцијата на Португалија со 29-25, во натпревар во кој не беа во подредена ситуација.

Можеби најдоброто издание од кадетите на Мундијалот беше видено од многубројните гледачи во СЦ “Борис Трајковски”, но на крајот сепак шансата за четвртфинале не беше искористена.