Кратко траеше авантурата во Целје, Бабарскас се враќа „дома“

Литванскиот интернационалец, Повилас Бабараскас по 2 години во дресот на словенечкиот првак Целје, се враќа во тимот на Брегенц каде настапуваше во периодот од 2012-2015. Тој потпиша двегдишен договор со австрискиот тим.

Левиот бек, во периодот додека настапуваше за Брегенц беше еден од клучните ракометари, постигнувајки околу 400 погодоци за 3 годишниот престој во Австрија. Брегенц во моментов е на третата позиција во австрискиот плеј-оф.

Покрај Бабараскас, од тимот на Целје во Брегенц, на позајмица наредната сезона ќе се пресели и словенечкиот лев бек, Лука Кикановиќ. Со овие нови аквизиции, составот на Брегенц наредната сезона ќе атакува на титулата во австрискиот шампионат.

Б.Ф/Д.А.